Фудбалската репрезентација на Англија го задржа својот максимален учинок и по третото коло од квалификациите за Светското првенство, откако дененеска со минимални 0:1 славеше на гостувањето кај Андора.
„Горди Албион“ стигна до трите бода со голот на Хари Кејн во 50. минута. Од исходот на дуелот меѓу Албанија и Србија во Тирана ќе се знае колку Англичаните ќе бидат оддалечени од учество на СП 2026 година.
Во попладневниот термин се одигра и мечот меѓу Малта и Литванија, каде не видовме голови (0:0).