Катар се кандидира за домаќин на Светското клупско првенство во 2029 година.

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Катар се кандидира за домаќин на Светското клупско првенство во 2029 година.

Нова лавина од негодувања наскоро го очекува светот на фудбалот. Причина за тоа е кандидатурата на Катар да биде домаќин на Сверкото клупско првенство во 2029 година. Се би било тоа во ред, доколку Катар повторно не оди по свое што се вели, и не планира да го организира турнирот во зимските месеци кога на Блискиот исток единствено е и исводливо тоа поради нормалните температури тогаш.

Ова нормално ниту малку нема да му се допанде на фудбалот во Шпанија, Италија, Англија, поточно најдобрите лиги во светот, кои ни под разно не сакаат таков развој на настаните. Најдобрите екипи во екот на сезоната да заминат во Катар еден месец.

САД како домаќин на овој турнир само повеќе ги подгрева надежите на Катар и сличните земји да се кандидираат за домаќинтство. Катар и тоа како има инфраструктура за такво нешто со оглед на Мундијалот во 2022 кој што беше беспрекорно организиран.

Тука ФИФА има голема улога, а како бенефит ги гледа милијардите евра кои што ќе се слеат на нејзина сметка во случај на одлука Катар да биде домаќин.

ФОТО INFANTINO X


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата