Капело: Судиите се мафија, поранешни играчи мора да се во ВАР собата

5.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Капело: Судиите се мафија, поранешни играчи мора да се во ВАР собата

Легендарниот тренер на Реал Мадрид, Милан, Рома, Јувентус, италијанецот, Фабио Капело во опширно интервју за шпанската „Марка“ се осврна на повеќе теми, а јавноста најмногу ја заинтригира неговото мислење околу фудбалските судии, и нивната работа последните години.

Тој воопшто ја нарече судиската организација „мафија“ која што е сериозно моќна. Тој смета дека во најновата ВАР технологија мора да бидат вклучени и бивши играчи во процесот на носењето на одлуките.

При прашањето околу судиите, на Капело „му се дигна притисокот што се вели….

„Оставете ја таа тема. Тоа е тема што многу ме лути“ – рече Капело па продолжи.

„Судиите се мафија.Не сакаат поранешни играчи да се вмешаат во одлуките на ВАР. Оние кои што добро ги знаат движењата, оние движења кои играчите ги прават за да застанат, за да си помогнат и слино. И многу често носат погрешни одлуки, неточни одлуки, затоа што самите никогаш не играле и не можат да ги препознаат тие движења“ – рече Капело, па веднаш продолжи.

„Играчот веднаш штом ќе биде допрен за лице, се фрла на земја, а судиите судат прекршок. А зошто? Доколку сум висок 190 сантиметри, а противникто 175, мојата рака е на висина на неговото лице. Зошто нешто би свиреле тогаш? Тоа ме излудува“ – додаде искусниот стратег.

Според него, решението се некогашните играчи вметнати во работата на ВАР.

„Ставете еден таков во ВАР собата за да му каже на судијата. Јас мислам дека не е тоа пенал или пак мислам дека е. Со УЕФА анализиравме дваесет ситуации во кои се досудени пенали. Кога истите беа прегледани од страна на екс играчи и тренери, шест од тие ситуации беа потврдени, а 14 не“ – поентира Капело.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата