Елмас повторно стартер: Наполи се спасуваше од пораз на “Марадона“!

7.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елмас повторно стартер: Наполи се спасуваше од пораз на “Марадона“!
ФОТО: SSC Napoli/FB

Наполи – Верона 2:2 вечерва на “Марадона“ во Неапол во меч од 19.коло во Серија А. Секако дека ова е голем кикс на шампионот, но тимот на Антонио Конте може да биде и задоволен ако се знае дека Верона имаше и 0:2.

Инаку македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше стартер, во 8.минута имаше и шанса за гол а во игра беше до 63.минута.

Гостите поведоа со голот на Фресе во 16.минута, на 0:2 од пенал удвои Орбан во 27.минута.

Во 54.минута МекТоминеј намали на 1:2, Хојлунд израмни, но неговиот гол беше поништен. Сепак шампионот се спаси од пораз во 82.минута со голот на Ди Лоренцо.

Во судиското продолжение Верона имаше и супер – шанса за 2:3, но сепак на крајот овој меч заврши без победник. Сериозен кикс на Наполи во битката за титулата.

На вториот меч од терминот од 18:30 часот, Аталанта како гостин ја победи Болоња со 0:2.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата