Каират стана вториот казахстански тим кој ќе игра во Лигата на шампионите

26.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каират стана вториот казахстански тим кој ќе игра во Лигата на шампионите
фото: Kazakhstan Football Federation (X)

По вторпат во историјата, Казахстан ќе има претставник во главната фаза од Лигата на шампионите. Вечерашниот реванш натпревар од плејофот за Лигата на шампионите на УЕФА меѓу Каират Алмати и Селтик заврши нерешено 0:0, па откако и по дополните 30 минути немаше победник, пеналите решаваа за тоа кој од овие два тима ќе оди во главната рунда.

Двата тима не успеаја да постигнат ниту еден гол на двата меча. По пенал-рулетот Каират Алмати славеше со 3:2 и успеа да се протне во најсилното европско натпреварување. Пред Каират, само Астана успеа да заигра во главната фаза од најсилното клупско натпреварување и тоа во сезоната 2015/16.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата