Јувентус го исплати Тудор

8.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус го исплати Тудор

Менаџментот на Јувентус најде решение како да се ослободи од долговите кои што ги имаше кон сега веќе поранешниот тренер, Игор Тудор. Хрватот беше отпуштен, но секако дека имаше актуелен договор кој што беше важечки до 2027 година, па двете страни извесен период бараа решение како да се стави крај на тоа.

Медиумите во Италија денеска објавија дека Јувентус и Тудор нашле заеднички јазик и договорот е раскинат. А колку Игор Тудор добил за да го потпише тој раскин засега е непознато.

Тудор сега е слободен да потпише за кој било клуб надвор од Италија. Според правилата на локалната федерација, нему не му е дозволено да преземе друг тим од Серија А во текот на тековната сезона 2025-26.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата