Јунатед и Сити без муниција, градското дерби без победник

6.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јунатед и Сити без муниција, градското дерби без победник

Градското дерби во Манчестер заврши без голови. Јунајтед и Сити ремизираа во дербито од 31. коло на англиската Премиер лига, но на крајот натпреварот без реални шанси и исход не може да задоволи никого.

Сити остана петти на табелата со 52 бода и го чека жестока борба за место во Лигата на шампионите. Доброто кај актуелниот шампион на Англија е што во елитата ќе има пет екипи, а лошото е што дури пет екипи се борат за трето, четврто и петто место, а можеби и Фулам, кој чека на осмото место и заостанува четири бода зад Сити.

Јунајтед е 13-ти со 38 бода, а не може ни нагоре, ни надолу.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата