Јамал ја сефтоса “десетката“ на Меси, Марадона…! (ФОТО)

27.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јамал ја сефтоса “десетката“ на Меси, Марадона…! (ФОТО)
ФОТО: FC Barselona/X

Веројатно денешниот ден 27 јули 2025 година ќе остане како запаметен како ден кога Ламине Јамал за првпат ја носеше “десетката“ на Барселона на еден натпревар. Иако станува збор за пријателски меч со Кобе во Јапонија, сепак вреди да се одбележи.

Да се потсетиме дека некогаш овој дрес го носеа Лео Меси, Диего Марадона, Роналдињо…

Јамал, веројатно еден од најдобрите фудбалери во светот, ако не и најдобар во моментов, пред две недели наполни 18 години. Потпиша нов договор со Барса до 2031 година со откупна клаузула од милијарда евра.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата