Исак непоколеблив: Не се враќа на тренинг, чека трансфер

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исак непоколеблив: Не се враќа на тренинг, чека трансфер
фото: Just Bizarre Tactics (X)

И покрај состанокот кој го имал со првите луѓе на клубот, шведскиот напаѓач Александар Исак нема намера да го прекине бојкотот во Њукасл. Англискиот клуб не прифаќа да го продаде напаѓачот во Ливерпул, иако „црвените“ за него понудија 110 милиони фунти + бонуси.

Исак одбива да игра за „страчките“ и да тренира со тимот. Според „Телеграф“, шведскиот репрезентативец е непоколеблив во намерата да го напушти Њукасл и инсистира да оди во Ливерпул. Средбата меѓу директорите на „страчките“ и Исак не дала никакви резултати.

Се верува дека Ливерпул е подготвен да даде уште една понуда за напаѓачот, но чека сигнал од Њукасл Јунајтед. Сепак, „црвените“ нема да ги платат 150-те милиони фунти што претходно ги побараа луѓето од Њукасл.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата