Тимот на Интер сигурно гази во Лигата на Шампионите сезонава. Улогата на фаворит во двомечот со Феенорд е добро одиграна, и „Нероаѕурите“ се пласираа во следната фаза. Синоќа на свој терен Интер победи со 2:1, а ако се надополнат на ова и стартните 4:1 од Холандија, тогаш станува јасно дека Интер заслужено оди понатаму.
Тренерот Инзаги секако дека е презадоволен од ваквиот развој на настаните, затоа што пласман во оваа фаза од ЛШ е и тоа како приоритет за тим како Интер.
“Навистина сакавме да одиме понатаму и тоа го направивме. Момците беа одлични. Горд сум на се што направија вечерва. По сите тешкотии што ги имавме, тие заслужуваат огромни комплименти бидејќи се претставија навистина добро”, изјави Инзаги.
„Ќе биде тешко, но овие натпревари ќе ги играме на ист начин како и досега. Се надевам само дека сите играчи ќе бидат на располагање“, прокоментира Инзаги и поентира.
Ова беше 200. натпревар за Инзаги на чело на Интер во сите натпреварувања и задоволен е што забележа победа на истиот.
„Знам што значи да се биде на чело на Интер, денес тоа го направив по двестоти пат. Имав многу радости и разочарувања низ годините, но секогаш се трудев на секој натпревар да се однесувам со потребната почит за доброто на Интер“, заклучи тренерот.