Репрезентацијата на Србија синоќа на домашен терен на „Рајко Митиќ“ доживеа дебакл од 0:5 против Англија во рамките од новото коло од квалификациите за следниот Мундијал.
Се случија неколку инциденти на самиот стадион, пред се тепачки, добро забележани и регистрирани на камера, па сега Србија ја очекуваат санкции и казни од страна на УЕФА.
Фудбалскиот сојуз на Србија ја отслужи претходната казна против Англија, а тоа беше намален капацитет за 15 проценти, но сега му се заканува нова санкција.
Според „Спортклуб“, лошата организација на натпреварот во синоќа би можела да резултира со ново затворање на трибините. Тепачки на трибините, навредливи скандирања, традиционално преполни патеки – повеќе од загрижувачки факти што чекаат одлука од Нион.
И покрај тоа што вложи максимални напори во организацијата на натпреварот, српскиот дом на фудбалот повторно се соочува со проблеми. Со фудбалскиот сојуз на Србија признаваат дека не успеале да влијаат на најболните сцени на најголемиот српски стадион и тепањето на навивачите на репрезентацијата, но исто така јасно предупреди на можноста за потенцијална казна преку соопштение.
Следен меч на репрезентаицијата на Србија е токму против Албанија дома во октомври.