Интер ја „прегази“ Болоња и повторно го завзеде врвот во Серија А

4.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер ја „прегази“ Болоња и повторно го завзеде врвот во Серија А
фото: Lega Serie A (X)

Фудбалерите на Интер ја совладаа Болоња со 3:1 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Фудбалерите на Кристијан Киву ја оправдаа фаворитската улога и ја вратија пол-позицијата на табелата во најсилното италијанско првенство.

Првиот гол на мечот го постигна пољакот Зиелински во 39-тата минута. Домашниот тим ја „зголеми брзината“ во второто полувреме и со двата гола на Лаутаро во 48-та и Турам во 74-тата минута, Интер ја запечати убедливата победа. Почесниот гол за гостинскиот тим го постигна Кастро во 83-тата минута. Во моментов Болоња се наоѓа на 7-то место со 26 бода, 4 помалку од 6-то пласираниот Комо.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата