Интер го сака Перишиќ, ПСВ не го дава

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер го сака Перишиќ, ПСВ не го дава
фото: Soy Calcio @SoyCalcio_ (X)

Милански Интер сериозно „загриза“ за хрватскиот ветеран Иван Перишиќ. И двете страни сè уште ја разгледуваат можноста за повторна соработка, но се чини дека ќе мора да почекаат поповолни услови за трансферот. Ситуацијата е чувствителна бидејќи јануарскиот преоден рок се ближи кон крајот, а италијанскиот клуб има потреба од засилувања уште од почетокот на зимата, пишува Калчомеркато.

Откако опцијата за Кансело пропадна, Интер се сврте кон преговори со ПСВ. Холандскиот клуб убедливо води во домашното првенство со 16 бода предност во однос на првиот вицешампион, остварувајќи 17 победи во 19 одиграни натпревари, со еден нерешен резултат и еден пораз. Додека титулата во лигата е практично обезбедена, ситуацијата во Лигата на шампионите е поинаква. Оттука Холнѓаните не сакаат да го растураат тимот, па Интер полека губи трпение и со овој трансфер, иако Перишиќ нема против да се врати на Апенините.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата