ЛШ: Баку слави, Карабах со гол во 94. минута го совлада Ајнтрахт, реми во Истанбул (ВИДЕО)

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Баку слави, Карабах со гол во 94. минута го совлада Ајнтрахт, реми во Истанбул (ВИДЕО)

Инфаркт завршница во Баку со среќен крај за Карабах. Азербејџанскиот шампион обезбеди голема победа од 3:2 над бундеслигашот Ајнтрахт со гол во последните секунди од 4-минутното продолжение на мечот од 7. коло во ЛШ. Дефанзивецот Мустафазада беше херојот на Азербејџанците погодувајќи во 94. минута по едно одлично уфрлување од страна.

Претходно, со првиот гол на Дуран домашните водеа со 1:0, но Ајнтрахт брзо израмни на 1:1 преку Узун, за Чаиби на стартот на вториот дел од пенал да ги донесе Германците до водство од 1:2. Карабах со вториот гол на дуран брзо израмни на 2:2, а во завршницата стигна голот за големата победа.

Во вториот меч вечерва, Атлетико (М) одигра само 1:1 на гостувањето кај Галатасарај. Гостите поведоа со голот на Симеоне, но Љоренте ја погоди сопствената мрежа за 1:1 што беше и конечен резултат на дуелот.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата