Инспекторите на УЕФА сметаат дека Барса треба да биде исфрлена од ЛШ

1.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инспекторите на УЕФА сметаат дека Барса треба да биде исфрлена од ЛШ

Изминатите неколку недели УЕФА ја чешка Барселона поради случајот „Негреира“. Процедурата ја водат Жан Самуел Леуба и Мирјан Колер кои го истражуваат случајот. Весникот „АБЦ“ информира дека инспекторите на УЕФА веќе одлучиле дека Барселона мора да биде казнета со тоа што нема да игра во ЛШ идната сезона. Меѓутоа истрагата се уште трае, доказите се собираат, од Барселона уште одговараат на прашањата на инспекторите па сето тоа ќе потрае.

Неофицијално инспекторите им поставиле на раководните луѓе во Барса преку 70 прашања поврзани со случајот „Негреира“ (случајот со поткуп на судијата Негреира) и случајот се уште е отворен. Барселона смета дека УЕФА не може да реагира додека случајот е отворен и додека каталонскиот клуб не ги испрати сите прашања и истите да бидат анализирани. Рокот на одговор на прашалникот им е до крајот на идната недела, a УЕФА конечната одлука за тоа дали ќе ја исфрли Барселона од ЛШ ќе ја каже на 12 јуни.

 

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата