И Словенците ќе имаат нов селектор: Матјаж Кек не доби нов договор!

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Словенците ќе имаат нов селектор: Матјаж Кек не доби нов договор!
фото: RevijaReporter (X)

Фудбалскиот сојуз на Словенија потврди дека Матјаж Кек заминува од својата позиција селектор на словенечката репрезентација. По 7 години минати на чело на словенечкиот национален тим, Кек се збогува со репрезентацијата, која наскоро ќе има нов селектор.

„Договорот на селекторот на репрезентацијата, Матјаж Кек, истече на 30 ноември. Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија и селекторот се сретнаа и по разговорот одлучија дека по седум години многу добра и фер соработка, која донесе и исклучителен успех со квалификациите за Европското првенство и осминафиналето, соработката завршува“, се вели во објавата од Фудбалскиот сојуз на Словенија (НЗС).

Сега треба да почне процесот на избор на нов селектор, а Кек би можел да замине во Хрватска и да го преземе тимот на Динамо Загреб.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата