Легендарниот фудбалер на бугарската репрезентација, а некогашен фудбалер и на Валенсија и Атлетико Мадрид, Љубослав Пенев, се бори за живот, објавија бугарските медиуми. Tој бил итно пренесен на онколошка клиника во Германија.
Славниот стрелец веќе неколку дена е во Германија, каде што се бори со сериозна болест, а и неговата состојба е сериозна. Љубо е миленик на неколку генерации Бугари, бидејќи е единствениот во историјата на фудбалскиот гигант ЦСКА, кој бил капитен, претседател и главен тренер на овој тим. Голем дел од трошоците за негово лекување во странство презел поранешниот капитен на репрезентацијата на Бугарија, Стилијан Петров.

