Гвардиола: Одигравме многу добар меч, ако се земе во предвид дека губевме!

13.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола: Одигравме многу добар меч, ако се земе во предвид дека губевме!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше по убедливата победа на неговиот тим над Кристал Палас со 5-2 во натпреварот од 32. коло на англиската Премиер лига.

„Со оглед на неверојатните ситуации во кои се наоѓавме оваа сезона, особено со повреди, требаше да завршиме многу пониско. Во тој поглед, Премиер лигата зборува за себе. Мислам дека одигравме многу добар натпревар од првата до последната минута. Создадовме многу шанси и на полувремето им кажав на момците дека играме добро. Со оглед на тоа што губевме со 0-2 и знаејќи како Кристал Палас играше во последните натпревари, одигравме многу добар натпревар”, изјави Гвардиола.

И покрај импресивниот резултат, успехот не дојде лесно за „граѓаните“, кои заостанаа два гола на половина од првиот дел, а петтиот гол беше постигнат на само 11 минути до крајот на регуларното време.

„Во ред, тоа не е совршен резултат, но имаме шанса да се пласираме во Лигата на шампионите во последните шест натпревари“, додаде Гвардиола.

Голема заслуга за успехот имаше белгискиот играч за врска Кевин Де Брујне, кој даде сериозен поттик за пресвртот.

“Неверојатно сум му благодарен. Де Брујне е неверојатен и знам што може да му донесе на тимот. Среќен сум бидејќи ни помага. Беше многу, многу паметен со топката, плус голови и асистенции. Многу ни помогна да победиме на овој натпревар. Никој не може да го повтори тоа што го направи Кевин”, изјави Гвардиола.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата