Готово е: Маркус Рашфорд во нападот на Барселона!

19.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Готово е: Маркус Рашфорд во нападот на Барселона!
ФОТО: FC Manchester United/FC

Ете, Ханси Флик доби големо, екстра засилување во нападот. Ако не успеа со Нико Вилијамс и Луис Дијас,стратегот на Барса во наредната сезона во тимот ќе го има Маркус Рашфорд.

Имено попладнево “Марка“, а и сите релевантни медиуми во Шпанија објавија дека се е готово, дека има договор и дека во наредните денови овој трансфер ќе се официјализира откако репрезентативецот на Англија и член на Манчестер Јунајтед, ќе ги мине лекарските прегледи.

Откако јасно му беше ставено до знаење дека за него нема иднина додека Рубен Аморим е тренер на тимот од “Олд Трафорд“, Рашфорд посакуваше само во Барса и никаде на друго место, иако имаше понуди и од други клубови.

Како што се наведува, тој ќе игра за Барса како позајмен играч со можност договорот да му биде откупен од страна на каталонскиот гигант.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата