Гол – шоу во Мадрид: Серлот, Серлот, Серлот, Серлот….Норвежанецот со најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига! (ФОТО)

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гол – шоу во Мадрид: Серлот, Серлот, Серлот, Серлот….Норвежанецот со најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига! (ФОТО)

Александер Серлот – Сосиеад 4:0. Да, точно е тоа. Вечерва сведочевме на испишување на фудбалска историја во Ла Лига. Вечерва на “Метрополитано“ во Мадрид домашниот состав на Атлетико успеа да слави против Сосиедад со 4:0 и сите четири гола беа дело на еден човек, на Норвежанецот Александер Серлот кој стрелаше во 7, 10, 11 и 30 минута. Имаше и една супер шанса, а еднаш ја погоди и пречката. Значи можеше со малку среќа да постигне и шест голови.

Сепак и ова е доволно во наредните денови во светот на фудбалот да се говори за Серлот.

Инаку напаѓачот на Атлетико Мадрид вечерва го имаше најбрзиот хет – трик во историјата на Ла Лига, му беа потребни само 3 минути и 57 секунди.

И тој е првиот во Ла Лига кој до 30.минута на еден меч постигнал четири гола.

На крај да се потсетиме дека на 19 мај минатата година, но тогаш како играч на Ваљадолид, истиот овој Серлот му даде четири гола на Реал Мадрид во оној епски меч кој заврши со резултат 4:4. Значи на Серлот му оди во мај месец, и тоа како му оди.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата