Ѓокерес не се појави на подготовките на Спортинг, Арсенал се уште не го затвори трансферот

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓокерес не се појави на подготовките на Спортинг, Арсенал се уште не го затвори трансферот
фото: SANBURG GOONER (X)

Виктор Ѓокерес не се појави на предсезонските подготовки на Спортинг.

Напаѓачот не се врати на предсезонските тренинзи како што беше планирано. Играчот ќе се обиде да го убеди португалскиот клуб да го продаде на Арсенал.

Швеѓанецот веќе ја известил претседателката на Спортинг, Фредерика Варандас, дека повеќе нема да игра за клубот, објави новинарот Бен Џејкобс.

Договорот со Арсенал е во напредна фаза и сега би можел да се реализира брзо, а Португалците чекаат да видат дали „топчиите“ можат да ја достигнат бараната цена од 70 милиони евра + 10 милиони евра.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата