На 75. годишна возраст во Нови Сад, Србија, почина искусниот фудбалски стратег Милорад Косановиќ.
Како што јавуваат медиумите, Косановиќ починал по кратко боледување. Искусниот стратег во својата богата тренерска кариера на два пати ја водеше Црвена Звезда, а стартуваше во Војводина.
Имаше и богата интернационална кариера, како селектор на Малта, а беше тренер и во далечната Кина, во екипите на Вухан и Далијан. Беше селектор на У21 репрезентацијата на Србија и Црна Гора, а ги водеше и Нови Пазар, Борац Чачак, Радник Сурдулица, Раднички Ниш….

