Фримпонг паузира неколку недели

21.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фримпонг паузира неколку недели

Новитетот во тимот на Ливерпул, Џереми Фримпонг ќе мора да паузира по само еден одигран меч во Премиер лигата. Тој заработи повреда на воведниот дуел со Борнмут и ќе паузира со сигурност до репрезентатицната пауза која што е на средината на септември.

„Медицинскиот персонал беше апсолутно во право што го извади Џереми бидејќи ќе биде надвор од теренот до крајот на паузата за репрезентативни натпревари. Сметавме дека Џереми има проблем со колкот, истото го сторија и медицинскиот персонал. Тие беа во право. Добра одлука од нивна страна, бидејќи во спротивно можеше да биде надвор уште подолго“, рече менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата