Флик кон Јамал: „Доцниш пет минути“! (ВИДЕО)

8.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флик кон Јамал: „Доцниш пет минути“! (ВИДЕО)

Познато е дека стратегот на Барса Ханси Флик и тоа како сака дисциплина во неговиот тим. Едноставно сака се да биде како што тој ќе каже. Посебно го нервираат доцнењата на тренинзите, а така беше и со Ламине Јамал.

Имено кога младата мега – ѕвезда на Барса дојде на тренингот, Флик му покажа пет прсти, со назнака декла задоцнил пет минути. Следуваше потег на играчот со цел да види дали е точно и го фати својот тренер за рака за да го провери часовникот.

На што Флик го оттурна младиот Ламине и двајцата се насмевнаа.

Дали ова значи дека на утрешниот меч Јамал нема да биде стартер, останува да се види.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата