Некогашната звезда на Ливерпул, бразилецот Фирмињо ќе му пристапи на клубот Ал Сад од Катар. Откако во 2023 година го напушти Ливерпул, напаѓачот заигра за тимот на Ал Ахли од Саудиска Арабија.
Во својата прва сезона во Саудиска Арабија, тој постигна девет гола и имаше шест асистенции во 32 натпревари. Неговата форма генерално беше неконзистентна, што доведе до гласини за трансфер.
Сепак, од јануари оваа година за Фирмињо во Ал Ахли повеќе нема место во овој тим, не беше регистриран повеќе, па ваквиот развој на настаните е и реален.