Сосема очекувано по оној пораз во мега – дербито и тоа со 0:3 од Галатасарај. Вечерва и официјално Доменико Тедеско доби отказ во Фенербахче, оваа вест ја потврдија и од самиот клуб со специјални соопштение.
Едноставно Фенер нема среќа со тренерите, ги менува како на филмска лента а се знае дека повеќе од една деценија не може да стигне до титулата во Турција. Јасно е дека ова е голем удар за гигантот од Босфорот:
„ „Во согласност со одлуките донесени на состанокот на нашиот одбор на директори, се разделивме со нашиот главен тренер Доменико Тедеско и неговиот технички персонал. Исто така, одлучено е да се разделиме и со нашиот спортски директор Девин Озек и нашиот координатор за фудбал Берке Челеби. Им се заблагодаруваме за нивниот придонес во нашиот клуб и им посакуваме успех во нивните идни кариери. Нашиот помошник тренер Зеки Мурат Ѓоле ќе биде задолжен за тимот во преостанатите натпревари од сезоната.“ истакнаа од раководството на Фенер.

