Салах заврши со Ливерпул, но ќе биде подготвен за Мундијалот

27.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салах заврши со Ливерпул, но ќе биде подготвен за Мундијалот
фото: Mohamed Salah @MoSalah (X)

Директорот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан, објави дека крилниот напаѓач Мохамед Салах ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда.

„Тој има скината тетива и ќе му требаат четири недели за да се опорави“, рече Хасан.

Според него, Салах повеќе нема да игра за Ливерпул, кој ќе го напушти на лето, но треба да се опорави на време за Светското првенство во 2026 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата