Евертон го совлада Брајтон, Кристал Палас со реми на домашен терен

24.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евертон го совлада Брајтон, Кристал Палас со реми на домашен терен

Во првите два денешни дуели од Премиер лигата, само на еден домаќинот ја искористи предноста на своја публика.
Екипата на Евертон успеа да слави со 2:0 во мечот против Брајтон. Стрелци на головите беа Бдијае во 23. минута, и Гарнер на стартот на вториот дел, односно во 52. минута.

Од друга страна пак,  Кристал Палас одигра само 1:1 на свој терен против екипата на Нотингем Форест.

Сар ги доведе домаќините во водство во 32. минута, а Хадсон Одои израмни во 57. минута.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата