Еве колкава отштета Реал ќе му исплати на Чаби Алонсо!

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве колкава отштета Реал ќе му исплати на Чаби Алонсо!
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Во јуни, кога веќе се знаеше дека Чаби Алонсо ќе ја преземе клупата на Реал Мадрид, ретко кој можеше да претпостави дека по само шест месеци ќе добие отказ.

Но, тоа се случи. Некогашниот играч за врска на “кралевите“ денеска доби отказ по поразот од Барселона во вчерашното финале во Супер Купот на Шканија.

Тој од денеска не е веќе тренер на Реал Мадрид, потврди Кралскиот клуб на својата официјална веб-страница.
Отпуштањето на Чаби Алонсо ќе биде скап потег за Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата од 8-9 милиони евра по сезона. Шпанскиот весник „Ел Дебета“ пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Алонсо. Да потсетиме дека Реал минатото лето му плати уште 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата