Проблем за Барса: ПСЖ со 50 милиони евра сака да го “украде“ Рашфорд!

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проблем за Барса: ПСЖ со 50 милиони евра сака да го “украде“ Рашфорд!
ФОТО: FC Barselona/FB

И тоа каков проблем за Барселона. Имено откако се беше договорено каталонската гордост да го откупи Рашфорд од Манчестер Јунајтед за 25-30 милиони евра, сега ПСЖ и тоа како е во игра. Европскиот првак е решен повторно да „ѝ го загорчи животот“ на Барселона и да го купи Рашфорд од Манчестер Јунајтед, и подготвува понуда што каталонскиот клуб не може да ја достигне. ПСЖ сака да ја надмине понудата на Барселона за откуп на договорот бидејќи Каталонците планираат да му платат на Рашфорд околу 30 милиони евра, но европските шампиони наводно ќе понудат речиси двојно повеќе.
„Марка“ наведува дека ПСЖ подготвил понуда од 50 милиони евра за Рашфорд бидејќи се воодушевени и од неговите настапи во Барселона оваа сезона, а сакаат да го видат во Париз од следната сезона.
Единствената надеж за Барселона може да биде дека Рашфорд ужива во својот клуб и дека можеби ќе одлучи да не оди во ПСЖ, туку да остане на стадионот „Камп Ноу“. Овој 28-годишник досега има 27 настапи во дресот на „Блауграна“ оваа сезона, каде што постигна седум гола и додаде 11 асистенции, што покажува дека навистина се преродил.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата