Ливерпул остана и без Гравенберх за утрешниот дуел со Фенербахче

3.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул остана и без Гравенберх за утрешниот дуел со Фенербахче

Ливерпул ќе биде ослабен за гостувањето кај Фенербахче во четвртото коло од Лигата на шампионите, откако Рајан Гравенберх отпадна од комбинација поради повреда на петицата. Холандскиот репрезентативец не отпатува со тимот за Истанбул и остана во Англија, каде што ќе ја продолжи терапијата и рехабилитацијата.

Тренерот Андони Ираола потврди дека повредата предизвикува болки, а неговиот настап на неделниот премиерлигашки дуел со Кристал Палас е неизвесен. Одлуката ќе зависи од тоа како ќе се чувствува во наредните денови.

Ливерпул во Истанбул пристигна со максимални девет бода од првите три натпревари во Лигата на шампионите и се наоѓа на третото место на табелата. Целта е продолжување на победничката серија, по разочарувањето во Премиер-лигата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата