Елмас и Наполи го освоија Супер Купот на Италија!

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елмас и Наполи го освоија Супер Купот на Италија!
ФОТО: SSC Napoli/FB

Наполи – Болоња 2:0 е исходот од финалето на Супер Купот на Италија, меч кој се одигра вечерва во Ријад. И нашиот репрезентативец е дел од успехот на Наполи, посебно ако се знае дека беше стартер на оваа средба за тимот на Антонио Конте и дека до таа 68.минута, до кога беше на терен, беше еден од најдобрите поединци во победничкиот состав. Македонецот имаше и две шанси, таа првата во 10.минута по асистенцијата на Мектоминеј беше зицер ситуација, но Дијамантот немаше среќа, сантиметри го делеа од гол и водство за својот Наполи. Пет минути подоцна Елмас се закани со убав шут, но голманот на Болоња беше на своето место.

Ианаку на ова финале во Ријад, маестрална партија пружи Давид Нерес со двата гола. Првиот беше мајсторија, и тоа во 39.минута, а вториот во 57.минута со кој стави точка на триумфот на Наполи во ова финале во Супер Купот на Италија.

Ова за Антонио Конте е 11-тиот трофеј во неговата тренерска кариера.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата