Џирона со домашен триумф над Алавес

8.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џирона со домашен триумф над Алавес

Првиот денешен меч од шпанската Примера заврши со домашен триумф. Екипата на Џирона со голот на украинецот Циганков успеа да слави над Алавес и да освои значајни бодови сезонава.

Клучниот момент на мечот се случи во 16. минута кога Циганков на асистенција на Гил успеа да реализира.

Потоа, ниту домаќинот, а ниту гостите успеаа да погодат и да го променат резултатот.

Со оваа победа екипата на Џирона, се „вади“ од самото дно на табелата и сега има десет бодови.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата