Баерн се спаси во последната секунда, Дортмунд испушти победа во последната секунда

8.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн се спаси во последната секунда, Дортмунд испушти победа во последната секунда

Чуден развој на настаните во денешното редовно коло во германскиот Бундес лига шампионат.

Тимот на Баерн Минхем имаше за задача да освои бодови на гостувањето кај Унион Берлин. Работите не тргнаа како што треба затоа што домаќинот поведе во 27.минута преку Доекл, но Диаз израмни пред полувреме.

Доекл повторно е херојот на домашните затоа што постигна гол за ново водство во 83. минута, но Баерн не би бил Баерн ако не направи подвиг, потпишан од страна на Хери Кејн кој што израмни на 2:2 во третата минута од судиското продолжение.

Од друга страна пак, тимот на Борусија Дортмунд има сосема спротивно искуство денеска.

Поведе со голот на Чуквуемека во 64. минута од мечот против Хамбургер на гости но домаќинот израмни на 1:1 во седмата минута од продолжението со голот на Конигсдорфер.

Поразен е и тимот на Ред Бул Лајпциг на гостувањето кај Хофенхаим со 3:1. Диоманде најави гостински триумф но со головите на Хајдари, Лемперле и Промел домашните направија комплетен пресврт.

Конечно, тимот на Баер Лехевркузе го „уништи“ Хаиденхаим на свој терен со 6:0.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата