Един Џеко потпиша нов договор со Шалке 04, се пофали клубот, кој се враќа во Бундеслигата во новата сезона. 40-годишниот Босанец потпиша договор на една сезона со „сините“, за кои играше како позајмен од Фиорентина во пролетта минатата сезона и постигна 6 гола и додаде 3 асистенции во 11 натпревари. Џеко се врати во Гелзенкирхен откако беше дел од репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
„Един донесе нешто посебно во Шалке во првите четири и пол месеци во клубот. Тој беше клучен играч и миленик на навивачите, а неговата личност и квалитети значеа дека секогаш даваше пример и на теренот и надвор од него. Веруваме дека тој може да ни помогне и во Бундеслигата“, рече спортскиот директор на Шалке, Јури Милдер. Един Џеко ќе го носи дресот со број 10 за Шалке во новата сезона во Бундеслигата.
sportmedia.mk

