Доста им е од Онана: Аморим и Јунајтед го посакуваат најдобриот голман во светот!

15.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доста им е од Онана: Аморим и Јунајтед го посакуваат најдобриот голман во светот!
фото: Manchester United (X)

Се чини дека и дефинитивно Манчестер Јунајтед и менаџерот Рубен Аморим не сметаат на Андре Онана во текот на следната сезона. Екс голманот на Интер и Ајакс дојде на “Олд Трафорд“ во времето на Ерик тен Хаг, но во изминатиот период покажа дека е далеку од она што му треба на еден таков тим како што е Манчестер Јунајтед.

Токму затоа прв пик за нив чувар на мрежата е Емилијано Дибу Мартинез, кој официјално е најдобриот голман во светот за изминатите две години, според изборот на ФИФА.

Аргентинецот во поблиското минато блескаше на голот на Астон Вила и селекцијата на Агентина и затоа има неколку примамливи понуди, од кои една е и од Саудиска Арабија.

Познато е дека Мартинез се раздели со клубот од “Вила Парк“, па сега прашање е каде ќе ја продолжи својата кариера.

Манчестер Јунајтед и не е така лоша опција за Аргентинецот.

ФОТО: ФЦ Манчестер Јунајтед/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата