Допинг суспензијата на Мудрик заврши и тој му се враќа на фудбалот

31.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Допинг суспензијата на Мудрик заврши и тој му се враќа на фудбалот
ФОТО:.facebook.com/ChelseaFC/

Украинското фудбалско чудо од дете, Михаило Мудрик повторно ќе игра професионален фудбал. Неговата суспензија околу позитивниот допинг тест, и забраната од четири години е завршена, и тој ќе се најде во составот на Челзи за тренинг кампот во Хонг Конг.

Мудик ја призна вината за допинг скандалот, во кој што беше позитивен на мелдониум, со што суспензијата е завршена со времетраењето на неговата пауза досега.

Еден од најголемите таленти појавен во последната декада загуби речиси две години надвор од фудбалските терени. Последен пат се појави на терен во дресот на Челзи на дуелот од Лигата на Конференции во ноември 2024 година на дуелот со германски Хаиденхаим.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата