Челзи ќе плати 50 милиони за Араухо, Барса се мисли

9.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи ќе плати 50 милиони за Араухо, Барса се мисли
Фото: ФЦ Барселона X

Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, е сериозна трансфер цел на Челзи. Лондончани размислуваат за засилување на позицијата централен бек, откако Леви Колвил заработи сериозна повреда на коленото, поради која ќе биде надвор од терените најмалку во следните шест месеци.

Шпанскиот клуб веќе се раздели со Иниго Мартинез, кој се приклучи во составот на Ал Наср. Сепак, неговото заминување нема да биде доволно за да ги реши проблемите на клубот со регистрацијата на играчи. Затоа, постои можност уште еден важен играч да го напушти клубот пред крајот на летниот преоден рок, а се чини дека тоа би можел да биде уште еден централен дефанзивец.

Челзи е подготвен да понуди 50 милиони евра за 26-годишниот Араухо и верува дека актуелните шампиони на Ла Лига би можеле да ја прифатат понудата за да ги ублажат своите добро познати финансиски проблеми.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата