Се чини дека водството на “чеканите“ со прекрасниот гол на Пакета само како да ги налути “сините“ во градското дерби. Челзи на крајот победи со 1:5, иако како што рековме, губеше со 1:0.
Одличен Челзи, потсети зошто е светски клупски првак.
Пакета донесе 1:0 во 6.минута, за да во 15.минута Жоао Педр, успеа да израмни на 1:1. Само осум минути подоцна Нето му донесе водство на гостинот од 1:2 и тогаш се виде како ќе се одвива овој меч, посебно кога Енцо Фернандез во 34.минута зголеми на 1:3.
До крајот беше прашање само со каква разлика Челзи ќе се задоволи, а се задоволи со 1:5 и тоа со головите на Каиседо и Чалоба во 54. и 58.минута. Потоа беше само рутинско одработување на натпреварот.