Чао Инзаги: Интер ќе има нов тренер, Инзаги го презема Ал-Хилал

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чао Инзаги: Интер ќе има нов тренер, Инзаги го презема Ал-Хилал
фото: Inter FR (X)

Симоне Инзаги ќе го напушти Интер и ќе го преземе Ал-Хилал. Инсајдерот Фабрицио Романо известува дека „нероаѕурите“ се согласиле да ја прекинат соработката со главниот тренер.

Се очекува Инзаги да потпише тригодишен договор со Ал-Хилал оваа недела.

Инзаги го презеде Интер во летото 2021 година. Под негово водство, клубот од Милано ја освои Серија А, двапати го освои Купот на Италија и двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата