Килијан Мбапе заработи црвен картон во победата на Реал Мадрид над Алавес и се соочува со суспензија.
Правилата на Ла Лига велат дека директно црвен картон носи суспензија од еден до три натпревари, во зависност од тежината на прекршокот. Сепак, како што во својот извештај судијата напиша дека Мбапе заработи црвен картон на дуел на кој тргнал по топката, може да добие само еден натпревар суспензија.
Мадридските медиуми уверуваат дека ништо не е спорно и дека одлуката е праведна, додека остатокот од Шпанија протестира со неверување бидејќи Мбапе очигледно направил посериозен фаул, дека не бил ни блиску до топката и дека можел сериозно да го повреди Антонио Бланко.
Секако, вниманието на сите е на фактот дека претстои финалето од Копа дел Реј помеѓу Реал Мадрид и Барселона, кое е закажано за 26 април, но се чини дека Мбапе не мора да се грижи за подолга суспензија.
Како што стојат работите, тој ќе го пропушти само претстојниот првенствен натпревар против Атлетик Билбао, а ќе му биде на располагање на Карло Анчелоти за гостувањето кај Гетафе на 23 април, три дена пред финалето на Купот на кралот.
Дали Мбапе заслужува повеќе од суспензија од еден натпревар?