Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш го изрази своето разочарување по тешкиот пораз на тимот од Њукасл со 1-4 во неделата. „Црвените ѓаволи“ успеаја да израмнат пред паузата, но беа збришани во вториот дел. Португалскиот интернационалец го привлече вниманието на примените голови и ги критикуваше своите соиграчи.
„Речиси сите голови беа резултат на нашите грешки… Разочаран сум од моите соиграчи само затоа што знам колку се добри. Знам колку е тешко да се претставува овој клуб. Тие сакаат толку многу да дадат сè за тимот, да победат, бидејќи знаат дека ќе останат запаметени ако освојат нешто со овој тим“, објасни Бруно Фернандеш.
Тимот сега оди кон реваншот против Лион во четвртфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар во Франција заврши 2:2.
„Натпреварот во четврток е многу важен за нас. Заедно со навивачите ќе создадеме нешто посебно за победа“, увери Бруно.