Денеска во пријателски меч, селекцијата на Бразил предводена од Карло Анчелоти, успеа со 0:5 да слави и тоа како гостин, против Ј. Кореја.
Добра игра на Бразилците и заслужено, убедлива победа.
Естевао уште во 13.минута стрелаше за 0:1, до крајот на првиот дел Родриго зголеми на 0:2.
Со тој резултат се замина на пауза.
Во продолжение од мечот, гостите со головите на, повторно Естевао и Родриго, како и на Винисиус славеа со 0:5.
Фудбалските фанови во Ј. Кореја има што да видат.