Челзи го „бутна“ Нотингем уште подолу на табелата

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи го „бутна“ Нотингем уште подолу на табелата

На стартот на денешната програма од Премиер лигата, тимот на Челзи на гостински терен извојува убава и пред се убедлива победа кај Нотингем Форест од 0:3.

Иако и пред стартот на овој меч, Челзи со оглед на моменталната форма и позиција на табелата важеше за фаворит, сепак, настаните на теренот многумина очекуваа да бидат можеби и поинакви.

Сепак, домаќинот и на овој дуел покажа дека е во криза, и во лоша форма. По полувремето без голови, Ачеампонг погоди за 0:1 во 49 минута, за по само три минути Нето да зголеми на 0:2.

Рис Џејмс во 84. минута ги постави конечните 0:3, а вредно е за споменување дека госттие мечот го завршија до играч помалку по исклучувањето на Густо.

Челзи по осум кола е со четрнаесет бодови, а Нотингем е на место над црвената линија за испаѓање со само пет бода.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата