„БОМБА“: Нико Паз не сака во Реал?! Желба му е гигант од Премиер-лига!

27.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„БОМБА“: Нико Паз не сака во Реал?! Желба му е гигант од Премиер-лига!
ФОТО:Como 1907/FB

Нико Паз ќе биде најинтересниот фудбалер на пазарот во летото 2027 година. Фудбалерот на Комо игра совршено оваа сезона, покажува дека има зрелост за најсилните клубови во светот, но е смирен и не размислува премногу за иднината и за нов клуб кој се чини дека е неизбежен, можеби од споменатото лето.

Реал Мадрид е, секако, прв во редот, тие имаат право да го купат овој фудбалер за 80 милиони евра во јули 2027 година, но можно е да бидат вклучени и други клубови. Не е тајна дека Реал би можел да ја активира клаузулата, но не само тој се прашува, туку и агенцијата што го претставува самиот фудбалер. Тие не се заинтересирани за Реал Мадрид, па затоа тој не е фаворит во моментов.

Како што објавува „Атлетик“, Манчестер Јунајтед би можел да биде првиот избор во случај на заминување на Бруно Фернандеш. Нико Паз би бил некој околу кого би се градел тимот во иднина предводен од Маурицио Покетино, но сè е ова е само шпекулација и мора да почекаме до летото кога многу работи ќе бидат појасни.

Аргентинецот постигна 6 гола и 8 асистенции за Комо на 16 натпревари оваа сезона.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата