Баерн Минхен доби лоши вести откако Џамал Мусијала заработи повреда на мускулот. Германскиот репрезентативец беше на медицински прегледи, а клубот објави дека ќе биде надвор од терените на неопределено време. Според извештаите на медиумите во Германија, Мусијала ќе биде надвор од терените барем до крајот на годината. „Медицинскиот персонал на Баерн Минхен потврди дека Џамал Мусијала заработил повреда на мускулот на десната бутина по медицинските прегледи. Затоа, германскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените на неопределено време“, соопштија од „Алијанц Арена“.
sportmedia.mk

