„Бомба“: Капитенот на Јунајтед пред можен трансфер во Арсенал?!

11.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Бомба“: Капитенот на Јунајтед пред можен трансфер во Арсенал?!
ФОТО: Manchester United/FB

Најава за можен и тоа “бомбастичен“ трансфер на лето во ПЛ. Трансфер кој ќе предизвика вистински земјотрес во најсилната лига во светот, ама и трансфер кој ќе ги фрли во очај фановите на Манчестер Јунајтед.

Имено, според информациите од Англија, Бруно Фернандеш е подготвен да направи големо предавство.
Иднината на Фернандес би можела да тргне по неочекуван пат, барем така тврдат Англичаните. Според неколку извори блиски до фудбалерот, капитенот на Манчестер Јунајтед е подготвен да ја прифати понудата на Арсенал и да потпише за овој клуб по завршување на сезоната.
Наводно, разговорите веќе се започнати со Микел Артета и клучните луѓе на лондонскиот клуб, а ситуацијата ја следат и челниците на Баерн Минхен. Португалецот ги гледа „топџиите“ како идеална дестинација за продолжување на кариерата, а не е премногу заинтересиран за интересот на гигантите од Германија.
Мартин Одегард наводно ќе го напушти Арсенал на крајот од сезоната, а Фернандес ќе биде тој што ќе го замени. На 318 одиграни натпревари, тој постигна 105 гола и додаде 100 асистенции. Оваа статистика го рангира меѓу најдобрите играчи бидејќи не многу од нив постигнаа 100 гола и 100 асистенции за Манчестер Јунајтед.
Јасно е дека доаѓањето на Фернандеш би било огромна работа за Арсенал, особено затоа што тој би дошол бесплатно.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата