ЛШ – 1/8 финале: Мадрид ќе “гори“, во Париз на мегдан европскиот против светскиот првак! (ФОТО)

11.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ – 1/8 финале: Мадрид ќе “гори“, во Париз на мегдан европскиот против светскиот првак! (ФОТО)
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Ако вчера беше спектакл на првите осминафинални мечеви во Лигата на Шампионите, тогаш што да се каже за вечерва? Во најновиот европски класик, создаден во последната деценија, се среќаваат Реал Мадрид и Манчестер Сити. Јасно е е дека Мадрид ќе “гори“, тоа ќе биде дуел на титаните. “Кралевите“ ќе играат без Мбапе, Белингем, Родриго…, ама и Сити нема да биде комплетен, но сепак Пеп Гвардиола е во нешто подобра ситуација од Алваро Арбелоа.

Реал Мадрид – Манчестер Сити двомеч за фудбалско уживање, двомеч кој сите со нетрпение го очекуваат а имаа што да видат во изминатите години кога “мораше“ ама баш “мораше“ овие две екипи да се “судрат“ во речиси секоја сезона во ЛШ.

Од друга страна јасно е, каков и да биде резултатот вечерва, севкупниот победник ќе се решава во реваншот на „Етихад“ следната недела.

Значи време е за она вистинското во ЛШ.

Во Париз на “Паркот на Принцовите“ вечерва домашниот ПСЖ ќе го пречека Челзи, тоа ќе биде дуел меѓу европскиот и светскиот првак. И ова ќе биде спетакл за уживање.

Вечерва се играат уште два меча и тоа Леверкузен – Арсенал и Бодо/Глимт – Спортинг Лисабон. Секако дека не се така атрактивни како тие во Мадрид и Париз, но исто така секако дека ќе бидат супер интересни.

Останува да видиме дали тимот на Микел Артета ќе ја искористи “лесната“ ждрепка и ќе оди натаму, како и тоа дали „Чудото од Норвешка“ ќе го продолжи својот поход во ЛШ.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата