„Бомба“: Челзи ќе искешира 64,5 милиони евра за Гитенс!

28.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Бомба“: Челзи ќе искешира 64,5 милиони евра за Гитенс!

Не во Баерн Минхен, иако речиси се беше готово, туку во Челзи и тоа за 64,5 милиони евра. Ова е “бомбата“ вечерва од Островот. Се наведува дека се е договорено меѓу Челзи и Борусија Дортмунд и дека младиот Џејми Гитенс (20) кој игра во офанзивата се враќа во својата Англија, и дека Манчестер Сити во таа 2020 година премногу лесно се откажал од неговите услуги кога го пуштил да оди во академијата на Борусија Дортмунд.

Со ова Челзи покажува дека си има своја политика барем кога се однесува за млади играчи кои ги ангажира и потпишува договори на 4-5 години.

Како што се наведува, официјализирањето на трансферот ќе се случи во наредните денови и дека овој трансфер е трет по големина ова лето, по оној на Флоријан Вирц (125 милиони евра) во Ливерпул и Матеус Куња во Манчестер Јунајтед (74,2 милиони евра).

ФОТО: ФЦ Борусија Дортмунд/Х


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата