BBC Sport: Јунајтед стартуваше преговори за Николас Џексон

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
BBC Sport: Јунајтед стартуваше преговори за Николас Џексон
FOTO nicolas jackson x

Интернационалецот од Сенегал, и во моментов членот на тимот на Челзи, 24. годишниот Николас Џексон е мета на екипата на Манчестер Јунајтед. Конкретно, тимот од Олд Трафорд веќе стапил во контакт и седнал на преговарачка маса со Челзи околу неговиот евентуален премин на Олд Трафорд.

Сепак, во оваа фаза од преговорите, нормално е да Челзи се постави со дефанзивен гард што се вели и да чека сумата која што ќе ја понуди Јунајтед да биде онаа задоволувачката. Астон Вила и Милан исто така се заинтересирани за Џексон.

Џексон постигна 13 гола и имаше 6 асистенции во 37 настапи за Челзи во сите натпреварувања во сезоната 2024/25. Неговиот договор е со важност до 30 јуни 2033 година.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата